Земјите од Г7 ги сметаат кибер нападите како втор најголем ризик за безбедноста на нивните земји, по екстремните временски услови, се вели во извештајот за безбедност во Минхен објавен пред Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи од 16 до 18 февруари.
„Технологијата некогаш беше генератор на економскиот раст, но и на глобалното вмрежување. Денес, тоа е клучна арена за натпреварување меѓу политичките системи“, рече Тобијас Бунде, директор за истражување на конференцијата за безбедност во Минхен, а пренесува Еурактив.
Според Минхенскиот безбедносен индекс (MSI), заканата од сајбер напади напреднала за пет места од минатата година.