Земјоделците од северна Грција претпладнево со трактори, автобуси и земјоделска механизација се упатија кон пристаништето во Солун, каде што најавија симболична блокада што треба да трае неколку часа.

Привремено отворени граничните премини кон Македонија

Поради концентрацијата на демонстрантите во Солун, граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија засега се очекува да останат отворени, барем додека трае протестот кај пристаништето.

Одлука по состанокот на земјоделците

По завршувањето на собирот во Солун, земјоделците ќе одржат состанок на кој ќе одлучат дали во текот на денешниот ден повторно ќе ги блокираат граничните премини, со што неизвесноста за сообраќајот продолжува.

Активна целосна блокада кај Никеа

Главната блокада во Грција и натаму е активна во централниот дел на земјата, кај Никеа во близина на Лариса, каде автопатот Солун – Атина е целосно затворен, а сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.