Нема податоци за евентуални штети или повреди.
Геодинамичкиот институт во Атина соопшти дека потресот се случил нешто по осум часот по локално време, два километри североисточно од Тебе.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Катимерини.
Во последните неколку дена се регистрирани стотици земјотреси во оваа област.
Поради силната сеизмичка активност, научниците испитуваат дали овие земјотреси можат да бидат знак на посилен земјотрес.