Потрес регистриран на тлото на Албанија синоќа ја стресе и Македонија.

 

Станува збор за земјотрес со јачина од 3 степени, а епицентарот на земјотресот бил на 27 километри североисточно од  главниот град на Албанија, Тирана. Утрово имало уште три земјотреси близу Тирана.

Пред два дена земјотрес до јачина од 2.7 степени имало близу Радовиш. Епицентарот бол на 12 километри од градот.