Силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-о-Пренс.

Засега нема објава за цунами. Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.