Почувствуван земјотрес рано утрово во Охрид
Земјотрес почувствуван рано утрово во Охрид и околината.
Според првичните сеизмолошки податоци, потресот е регистриран во 03:18 часот, а епицентарот на земјотресот е лоциран во близина на селото Велестово, на падините на планината Галичица, на длабочина од 15 километри.
Јачината на земјотресот изнесувала 2.2 степени според Рихтеровата скала.
Поради нискиот интензитет, земјотресот бил почувствуван само од помал дел од населението во охридскиот регион, главно од оние на повисоките катови.
