Земјотрес со јачина од 3.4 степени ја разбуди југозападна Македонија

Рано утринава беа регистрирани два земјотреса во југозападниот дел на Македонија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот потрес е забележан во 5:07 часот, со јачина од ML3.4 степени по Рихтер, а вториот во 5:16 часот, со јачина од ML2.3 степени. Епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга, приближно 100 километри југозападно од Скопје.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот регистриран во соседна Грција

Според првичните информации, земјотресот во 5:07 часот бил почувствуван во Охрид, Струга и околните населби, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).

Засега нема информации за штети

Од Сеизмолошката опсерваторија наведуваат дека нема податоци за материјални штети, а следат дополнителни анализи и процени. Вакви потреси се чести во регионот, кој е сериозно сеизмички активен, особено околу охридско-преспанскиот тектонски расед.

Граѓаните кои го почувствувале потресот се охрабруваат да ја следат комуникацијата од официјалните институции и да останат смирени.

Извор: Република