Замјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит.

Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри.

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал од Атина до Крит. Нема информации за повредени и за материјална штета.