Денеска, рано утринава, во епицентралното подрачје на Свети Николе – Штип, се регистрирани два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди од ML3.0 и ML2.1 степени.

Првиот потрес се случи во 03:24 часот, а второиот во 04:11 часот. Епицентарот на потресите е лоциран на 70 километри југоисточно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврди дека населението во Штип и околните населени места ги почувствувале потресите.