Земјотрес со јачина од 3,2 степени е почувствуван околу 08:30 часот во Босна и Херцеговина.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 18 километри од Зеница, на длабочина од девет километри.
Се почувствувал и во Сараево и во другите делови на Босна и Херцеговина.
Некои коментари под постот на EMSC тврдат дека бил силен и краткотраен, други пишуваат дека потресол згради.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.