Не запира поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Многу интелектуалци, професори, музичари и политичари ја поддржаа, а еден од нив е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Според Муцунски, Силјановска Давкова е жена интелектуалец со богато искуство, домашен, меѓународен углед и силен кредибилитет.

Македонија ќе добие нов претседател на државата, жена која е интелектуалец со богато искуство, домашен, меѓународен углед и силен кредибилитет. Гордана Силјановска Давкова е мојот избор, а убеден сум дека таа ќе биде изборот на граѓаните! Професорката Силјановска ја познавам долго. Таа е одмерен политичар, која во изминатиот период имаше важна улога како пратеник во Собранието на Република Македонија, нештедејќи се себе си во споделувањето на стручното мислење и научното искуство за важните политички процеси низ кои минуваше Македонија, започнува тој.

Муцунски додава дека таа ужива почит и од меѓународната сцена.65

Станува збор за искусен професор со кредибилитет и интегритет кој ужива почит во домашната и меѓународната јавност. Убеден сум дека професорката Гордана Силјановска одлично ќе ја води државата, водејќи сметка пред се за националните интерес, а потоа и за интегративните процеси низ кои во следниот период ќе поминува државата, заклучува тој.