Апелираат дека ова е единствена безбедна превенција и најдобра заштита. Со истиот став се и оние граѓани кои ги анкетиравме.

Се шири заразата со голема кашлица: Бебињата, дечињата се критични, невакцинираните први на удар

Вакциналните пунктови работат во две смени

Во пунктот во Поликлиниката „Јане Санданаски“, последниве 12 дена се вакцинирани над 880 деца. Иста е сликата и во вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“

Се врши проверка на вакциналниот статус на децата

Од вакциналните пунктови ги проверуваат и вакциналните картони и се јавуваат да ги повикаат родителите за да ги имунизираат децата. А исто така и во градинките и во училиштата се врши проверка на вакциналниот статус на децата.

Педијатрите со коментар

Педијатрите велат дека за комплетна вакцинација се смета дете кои ги примило трите дози дитепер вакцина и плус ревакцината. Доколку вакцината е комплетна штити во наредните 5 до 6 години, а потоа има бустер во второ и во деветто одделение.