На 04.04.2022 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Палмиро Тољати“ во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Скопје, удрило во Т.П.(73) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата Т.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.