Пожар избувнал во дом на подрачјето на Шуто Оризари, пронајдена почината

Осумдесет и седумгодишна жена го загубила животот вчера во својот дом во Скопје, откако избувнал пожар. Според информациите, таа се задушила од чадот, а смртта била констатирана од лекар на лице место.

Случајот бил пријавен околу 10:50 часот во СВР Скопје. Настанот се случил на подрачјето на Шуто Оризари, каде што во домот на жената претходно избувнал пожар.

Од полицијата информираат дека во објектот била пронајдена почината Х.М.(87) од Скопје. Според првичните информации, причината за смртта е задушување како последица од пожарот.