На 11.02.2023 во 22.16 часот во Полициска станица Аеродром И.М.(36) пријавила дека во 22.00 часот пред зграда на подрачјето на Аеродром била физички нападната од најзината сосетка М.Р.(50), соопшти МВР.
„Во врска со случајот било пријавено и дека околу 22.10 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Р. и 39-годишната Ј.Л.М.(39) од Скопје“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на соседската тепачка, велат од МВР.