Генералниот скеретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, без одговор дали пожарот во неговата викендичка е подметнат или пак станува збор за несреќен случај.

„Макфакс“ побара одговори дали во мометот на пожарот тој бил на Маврово каде што се наоѓа викендичката, на што тој одговори: „Се е во ред ви благодарам на вниманието“.

Непознато е дали случајот е приjавен во полиција.

Инаку пожарот се случил утринава, а го гаснеле противпожарни екипи од Гостивар.

Според досегашните информации нема повредени.