Во текот на месец јули, било регистрирано зголемување за 140,6 отсто на бројот на патници на грчките аеродроми, споредбено со истиот период лани, а за 146,9 проценти поголем бил бројот на пристигнувања од странство.
За периодот од јануари до јули, вкупниот број на патници на грчките аеродроми бил 12.6 милиони, наспроти 8,9 милиони во 2020 година, односно бележи пораст од 41,4 проценти, додека пак бројот на летови (домашни и од странство) се зголемил за 32,6 отсто.
Сепак, споредбено со истиот период во 2019 година, односно пред пандемијата, намален е бројот и на патници (за 63,5 отсто) и на летови (за 44,6 проценти).