Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е 9 952 602 000 денари или 97 проценти повеќе. Се планира изградба на 1 945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 метри квадратни.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, како што соопшти Државниот завод за статистика, 284 или 63,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 50 или 11,2 отсто се за објекти од нискоградба и 112 или 25,1 процент за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 201 или 45,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 245 или 54,9 проценти објекти инвеститори се деловни субјекти.