Еко активисти кои се плашат од реваншизмот и последиците кои може да ги имаат, тврдат дека министерката за Одбрана, Славјанка Петровска може да изнуди провокација од УНЕСКО и губење на статусот на Охрид како заштитено подрачје, пренесува Expres.mk
Министерката за одбрана Славјанка Петровска го провоцира УНЕСКО и го става во опасност статусот на Охрид како заштитено подрачје, тврдат еколошки активисти кои се плашат јавно да говорат за проблемот поради страв од реваншизам.
Според нивните тврдења Министерството за одбрана под раководство на министерката Петровска ќе гради во најзаштитениот дел од Охридското езеро.
Министерството за одбрана на крајот на минатата година договорило градежни активности во реонот на Студенчишта река, денес позната како Каналот Студенчишта.
За овој зафат на министерството за одбрана кое го раководи во јавноста речиси да нема информации.
Според информациите на expres.mk министерството за одбрана планира сложени градежни активности во реонот познат како Студенчишко Блато конкретно на левата страна на каналот Студенчишта.
Овој реон е заштитено природно и културно подрачје од прва категорија и секој градежен зафат во него значи можност УНЕСКО да го одземе статусот на Охрид кој сега е под специјална заштита.
Според планот на министерството за одбрана таму треба да се вршат градежни работи од голем обем кои значително ќе влијаат на природните состојби.
Извори во министерството за одбрана тврдат дека се работи за проект вреден најмалку половина милион евра за кој во детали е запозната и министерката Петровска која дала дозвола за градбата во заштитениот појас на Охридското езеро.
Во овој дел од имотот на Министерството за одбрана сега се издаваат плацеви за паркирање на чамци и бродчиња што дополнително ја загрозува животната средина во заштитениот дел од Охридското езеро.
Охридските еколошки здруженија засега молчат за скандалот.
- ДИГИТАЛНОТО ЕВРО ЈА БРАНИ МОНЕТАРНАТА АВТОНОМИЈА: Плаќањата веќе станаа дигитални, изјави Чиполоне
Европската централна банка работи на подготовка на дигиталното евро и на развој на инфраструктура за порамнување на токенизирани трансакции, со… - ХАРИ КЕЈН ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ШИЛТОН: Англија ја совлада Чешка со 3-0
Англија оствари убедлива победа од 3:0 против Чешка на стадионот „Вембли“ во Лигата на нации, во натпревар во кој целосно… - РОНАЛДО ЈА ОТКРИ ВИНАТА ЗА СКАНДАЛОТ: Селекторот двапати го прекрши договорот, целосно ја загубив довербата
Фудбалскиот ас Кристијано Роналдо ја изнесе својата верзија за конфликтот со португалскиот селектор Жорже Жезус. Во долго соопштение, капитенот откри… - МАНЧЕСТЕР СИТИ ВО НАЈГОЛЕМАТА КРИЗА ОД 2008 ГОДИНА: Сопствениците размислуваат за продажба по пресудата за 114 финансиски прекршоци
Сопствениците на англискиот гигант Манчестер сити наводно размислуваат за продажба на клубот откако независната комисија на Премиер лигата утврди дека… - ШВАЈЦАРИЈА ВОДИ НА ПОЛУВРЕМЕ: Грешка во одбраната донесе предност од 1-0 во Луцерн
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра рамноправни и квалитетни 45 минути на гостувањето против фаворизираната Швајцарија, но на полувремето замина со…
