Во учебната 2025/2026 година во ученичките и студентските домови низ државата се сместени вкупно 5.232 ученици и студенти, што е за седум проценти повеќе во споредба со претходната учебна година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Според статистиката, во земјава функционирале девет студентски домови и 19 домови за ученици од основните, средните и средните верски училишта.
Во домовите биле сместени 3.427 студенти, 1.750 ученици од средните училишта, 55 ученици од основните училишта, како и 31 ученик од православно верско училиште и 57 ученици од исламско верско училиште.
