По цели 26 години, Соединетите Американски Држави го загубија официјалниот статус на земја каде што малите сипаници се елиминирани, а истата одлука ги опфати и Мексико и Боливија, соопшти Панамериканската здравствена организација. До ваквото губење на статусот дојде откако американските здравствени власти повеќе од една година не успеаја да го сопрат континуираното пренесување на овој исклучително заразен вирус.

Панамериканската здравствена организација прецизираше дека и Боливија и Мексико повеќе не се водат како држави што успеале целосно да ги елиминираат сипаниците на својата територија. Според меѓународните здравствени претставници, во САД вирусот, кој во изминатиот период се сметаше за реткост главно опишана во медицинските учебници, денес се шири со највисока брзина во изминатите три децении, при што најпогодена категорија се невакцинираните лица.

Во случајот со Мексико, поништувањето на овој статус следи по повторното избивање и засилено ширење на инфекцијата, вклучително и појавата на голема епидемија на малите сипаници регистрирана во сојузната држава Чивава.

Иако одлуката на Панамериканската здравствена организација носи главно симболична природа и повлекува мал број практични последици, таа претставува остар пресврт за заболување кое со децении научен и медицински напредок беше ставено под силна контрола.