На новинарско прашање по посетата на Health virology biosafety level 3 лабораторија, донација од САД Филипче рече:
-Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници. Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, кој што вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство