Италијанскиот фудбалски тренер Стефано Пиоли отворено говореше за својата желба повторно да работи во најсилната италијанска лига Серија А. Искусниот стручњак откри дека и покрај понудите што ги добива, неговиот главен фокус останува домашното првенство.

„Размислувам да се преселам во странство, но би сакал да останам во Италија. Би сакал да ја докажам својата вредност тука. Добив многу понуди од странство, но не од Шпанија, Англија или Франција. Имав неколку понуди од Италија, но ништо навистина сериозно. Воопшто не сум отпишан. Да, моето последно искуство беше неуспешно, но внатре се чувствувам млад и сè уште имам многу да понудам. Секако, така функционира фудбалот: социјалните медиуми брзо ме етикетираат врз основа на емоции. Само две победи и повеќе не се сметате за отпишан“, вели Пиоли.

Последниот клупски ангажман на Пиоли беше на клупата на Фиорентина, тим со кој ја прекина соработката во ноември 2025 година. Во својата досегашна кариера, тој го постигна најголемиот успех во сезоната 2021/22, кога со екипата на Милан стигна до шампионската титула во Серија А.

Шеесет и едногодишниот тренер зад себе има богато искуство на клупите на бројни италијански екипи како што се Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Пјаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана, а имаше и меѓународен предизвик во саудискиот клуб Ал-Наср.