Андреј Жерновски шири невистини и создава хистерија околу францускиот предлог и евроинтегративниот процес, иако неговите тврдења за наводни тајни преговори веќе се демантирани од надлежните институции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Нема да го прифатиме францускиот предлог и нема да отстапиме од утврдените државни позиции. Македонија треба да стане членка на Европската Унија како рамноправен партнер, со целосно зачувани национални интереси, достоинство, јазик, историја и идентитетски обележја.
Жерновски и СДСМ со ваквите настапи се обидуваат да создадат песимизам, недоверба и страв кај граѓаните, наместо да придонесат за заштита на државните интереси и за напредок на европскиот пат.
Нивните тврдења за тајни договори немаат основа и служат единствено за политичка манипулација и создавање хистерија во јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ.
