-Ако примаме бегалци, ако попуштиме под притисокот и кажеме „да, прифаќаме бегалци во европските земји“, тогаш тоа значи дека ќе ја прифатиме самата основа на оваа перфидна стратегија, рече Зихофер на прес-конференција во Полска.
Европската унија ја обвинува Белорусија дека намерно создава мигрантска криза со носење бегалци од Блискиот Исток со авиони до нејзините граници со Полска и Литванија. Минск ги отфрла тие тврдења.
-Станува збор за нерегуларни и перфидни миграции организирани од Белорусија со делумна поддршка на Русија. Полјаците не ги следат само своите интереси. Тие дејствуваат во интерес на целата Европска унија, рече Зихофер.
Белоруските власти денеска ги расчистиле најголемите мигрантски кампови на границата со Полска, по неколкунеделната ескалација на кризата меѓу Европската унија и Белорусија.
Зехофер го нарече „дезинформација“ известувањето на белоруската новинска агенција Белта дека претседателот Александар Лукашенко и` претставил на германската канцеларка Ангела Меркел план за решавање на кризата, во кој ќе биде вклучен услов ЕУ да прифати две илјади мигранти.