На денешниот конгрес на политичката партија Алијансата на Албанците во „Опера и балет“ во Скопје, Зијадин Села е избран повторно да биде претседател на партијата, а од функцијата е разрешен актуелниот лидер, Арбен Таравари.

Завчера исто така во Скопје, конгрес одржа и крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, на кој тој беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во партијата АА започна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, па Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на изборите самостојно.