Зимски услови на патиштата. Поради снежните врнежи што ја зафатија земјата, од 18:00 часот воведена е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Ова го соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Со цел обезбедување на безбедноста на патиштата, од 15:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. Потоа забрана има  и на патниот правец Маврово – Дебар.

Интензивен дожд вечерва: УХМР предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите

Понатаму, од 16:20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Додека од 17:00 часот забранет е сообраќајот за товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

АМСМ извести дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На некои повисоки места во западните и југозападните делови на земјата има остатоци од кашест снег. Тие се отстрануваат од дежурните екипи на „Македонија пат“.

Патниците и возачите се советуваат да ја следат ситуацијата и да се придржуваат до препораките за безбедност на патиштата.

Извор: Миа