Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот.

Локации кои досега се исчистени:
-Булевар Словенија
-Булевар Никола Карев
-Населба Даме Груев кон новоселски пат
-Улица Радишанска
-Улиците низ општина Шуто Оризари
-Улиците низ населба Драчево
-Последна 24-ка во Сопиште
-Патот кон Детската клиника во Козле
-Патот од Горно Нерези кон Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“
-Улица Павел Шатев
-Клучката кај Континентал
-Мост Маџари
-Мост Бардовци
-Булевар Босна и Херцеговина

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување, информираат од Градот.