Имено, постои основано сомнение дека осомничениот жител на Свети Николе, во текот на 2021 година, на земјоделска површина во селото Стањевци, неовластено произвел наркотична дрога – марихуана.
Во октомври годинава ја набрал, ја исушил и ја чувал во куќата во сопственост на неговиот татко. На 7 ноември, при претрес на куќата во Стањевци и помошните простории, полициските службеници пронашле вкупно 834,2 грама марихуана во повеќе различни пакувања, како и семки кои потекнуваат од растителниот род – канабис.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд во Штип го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.