Случајот, како што соопшти МВР, е пријавен во еден часот по полноќ, во Полициската станица Струга.
Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга.
Г.С. (61) од село Делогожда ноќеска, управувајќи мопед „генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт.