Исто така се бара целосно асфалтирање на приодите кон селото оштетени со градбата на патот, откако ќе заврши неговата изградба. Претседателот на месната заедница, Веле Коцев вели дека селото има над 500 жители, но редовно доаѓаат викендаши и посетители.
Тој нагласи дека по Росоман, ова е второ по големина село во општината. Присутните на блокадата ги кажаа барањата до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта.
Жителите од ова населено место се надеваат на брзо решавање на проблемот, за, како што рекоа, да не дојде до радикализација на мирниот протест. Рекоа дека блокадата на механизацијата ќе трае се додека не се надмине проблемот. Сите други возила се пропуштаат.