Трае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село.
На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот.
По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули. Од ЕВН тогаш кажаа дека поголем процент од домаќинствата во Слупчане не плаќаат струја. Жителите имаа повеќе барања, меѓу нив и да не плаќаат енормно високи сметки. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.