Жителите од руралните средини на истокот во Македонија бараат повторно да им се дозволи да одгледуваат свињи за домашни потреби. Поради африканската чума, нивното одгледување беше забрането, а добитокот беше еутанизиран. Економската состојба ги погодува и бараат одговор од надлежните кога ќе можат да се вратат на работа, пренесува Аljazeera Balkans.