Изминатите 30 години во земјава се градеа по пет километри патишта годишно, конечно е дојдено време да покажеме нов  начин на градење, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на Канал77.

-Автопат ќе има и ќе биде едно од најдобрите решенија коишто сме можеле да ги дадеме и тоа ќе придонесе за економски развој. Просекот за цена по километар во државата е околу 11,2 милиони евра, истакна вицепремиерот.

Тој говореше и за придобивките на домашните компании преку договорот со Бехтел и Енка.

Во договорот со Бехтел и Енка стои дека 51% мора да бидат домашни подизведувачи. Ако договорот е 1,3 милијарди евра, тоа се 650 милиони евра кои ќе одат кај домашните компании. Но, нема да може веќе во петок да одмараме зашто утре ќе биде ден за одмор. Две години се гради клучка и нормално е граѓаните да се критични. Не можете да очекувате фирма со 20 вработени да гради автопат и затоа го отворивме прашањето за увоз на странска работна сила, кажа Битиќи.