На прашањето на новинарот зошто опозицијата не ја пофали власта за зголемувањето на просечна плата, Кочоска Димитриеска рече дека ќе кажат дека растат платите кога ќе видат дека народот живее убаво и комотно.
Тоа што ја загрижува, додава Кочовска, а е врзано со платите е продуктивноста.
-Во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната стапка на раст на продуктивноста е 1,2 % годишно, а во време на владеење на СДСМ имаме пад од 1% ако ја тргнеме Корона кризата настрана, рече Кочоска Димитриеска.
Падот на продуктивноста, додава таа, значи дополнителен трошок за фирмите и тие ќе мораат да отпуштат работници или ако ги задржат вработените ќе мора да ги зголемат своите цени.
-Растот на платата кој не е пропратен со природна продуктивност, односно да порасне платат како резултат на додадена вредност и ова е многу сериозна работа, ова не е нешто што само јас го зборувам туку е и во извештајите на ММФ и Народна Банка. Тие постојано апелираат да се внимава на минималната плата да расте пропорционално со просечната плата заради тоа што немаме соодветен раст на продуктивноста, потенцира Кочоска Димитриеска.
Според неа, сега имаме забрзан раст трошоците за живот за разлика од растот на платата и заклучокот е лош стандард на граѓаните за живот.