Главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, новинарот Љупчо Златев на својот Фејсбук профил се огласи за тековната случка со вицепремиерот Груби. „Да беше ова нормална држава, Артан Груби ќе останеше воџа на навивачката група Шверцери“, пишува Златев на својот Фејсбук профил.

Да беше ова нормална држава, Артан Груби ќе останеше воџа на навивачката група Шверцери. Ќе беше под константен полициски надзор, често приверуван од органите на прогонот и чест посетител на казнено поправните установи. Во нормалните држави и системи, животниот пат на карактери како Груби е како што го опишав погоре. Затоа што ова е тотално ненормална држава, Артан Груби е дефакто премиер. Секој друг муабет за него е излишен., напиша Златев.

Објавата погледнете ја во продолжение: