Македонските граѓани во редици чекаат сликање за нови пасоши, а Бујар Османи не ни поднел официјално барање до Грција важечките пасоши дополнително да важат, откри главниот уредник на Радио Лидер Љупчо Златев во неговото гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
– Ова ексклузивно го откривам за вашата емисија. Утринава имав брифинг од висок дипломатски извор од Грција. Грците се вчудоневидени од тоа што се случува овде. Имено, покрај тоа што претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски најавија дека ќе побараат од Грција за дополнително време да се пролонгира важноста на пасошите на кои не е впишани името Македонија, до овој момент нашето МНР нема испратено такво барање до Грција. – рече Златев.
Новинарот додаде дека од грчка страна постоело позитивно расположение да се пролонгира важноста на пасошите.
– Реално на Грција ништо не и менува дали уште една, две или три години ќе се користат овие пасоши. Преспанскиот договор од наша страна и така, за жал е испочитуван во сите други основи. Проблемот е што овде со нас владеат неранимајковци на кои не им е гајле за тоа колку се малтретира народот. Прво не лажеа дека ќе важат до крај старите пасоши, потоа ни кажуваа дека промените нема да ги плаќаме од свој џеб, за сега да го направат хаосот и да не сторат ништо тој да престане. Плаќаме од свој џеб за да чекаме како стока. – рече новинарот.
Тој додаде дека од денеска Панче Тошковски освен како технички министер за внатрешни, можеме да почнеме да го нарекуваме и технички министер за надворешни работи, затоа што тој пробува да му ја заврши работата на Бујар Османи преку средби со амбасадорката на Грција.
- (ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ОБЈЕКТ ВО ПУСТИНАТА МОХАВЕ: Дали се работи за нов проект на Американскиот одбранбен и технолошки гигант „Lockheed Martin“?
- (ВИДЕО) УБИЕН ЧЛЕН НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Продолжува војната меѓу црногорските криминални групи!
- (ВИДЕО) Николоски: Јасно е дека Заев ги влече конците во СДСМ
- МУРТЕЗАНИ ДОМАЌИН НА ДЕЛЕГРАЦИИТЕ: Гласна поддршка за нашата европска иднина од Австрија и од Словенија
- ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА: Пукната главна линија и воден млаз висок неколку метри