Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, преку својот Фејсбук профил објави дека ги собрал потребните сто потписи за неговата кандидатура за градоначалник.
„Благодарност до сите граѓани кои за неполни три часа ги дадоа потребните 100 потписи за поддршка на независната листа за градоначалник и совет на општина Дебрца“, напиша Ногачески на својот Фејсбук профил.
Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг.
Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори 2017.