ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Ставрески ќе биде дел од работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците кои ги ветиле пред граѓаните.
-Во работното тело кое ќе биде раководено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Ставрески, познат уште и по тоа што му е кум на Груевски, си поднесе оставка додека ВМРО-ДПМНе се уште беше на власт од, како што беше тогаш наведено, приватни причини, а од тогаш па до денес воопшто не се појавува во јавноста.
Шамбевски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и амбасадор на Македонија во Кина.