„Веќе и во СДСМ се свесни дека не само Груевски, туку и свети Груевски или било кој да дојде не може да ги истера уставните измени. Неговата позиција ја користат за поделба на ВМРО-ДПМНЕ да издејствуваат некаков резултат да ѝ направат штета на опозцијата затоа што знаат дека сопствениот рејтинг не можат да го кренат, вели во утрешното гостување на Радио Лидер новинарот Зоран Димитровски Жоро кој беше доскорашен министер во владата на Ковачевски.

Со него дискутиравме и на останатите актуелни теми. Конфликтот меѓу Груевски и Мицкоски, Жоро ја гледа како желба на СДСМ да направи поделба на ВМРО-ДПМНЕ пред избори, ништо повеќе.

Власта не крие дека бара помош од Груевски за на балкански начин да ги поминат уставните промени, вели Димитровски.

Тој вели дека СДСМ е во паника и дека се на смртна политичка постела.

СДСМ во својата политичка анализа, ако воопшто можат рационално да размислуваат, тие се во паника бидејќи ќе ги изгубат наредните избори, тоа им е јасно. Тие сега гледаат на некој начин да се спасат од таа ситуација. Тие се на смртна политичка постела и им се причинуваат илузии. Почнуваат да веруваат во тајно оружје, во сите можни начини да се спасат. Груевски е „наколај“ затоа што тоа е единствена фигура која може да придонесе за вас, додава Димитровски за Радио Лидер.

Новинарот вели дека ниту Груевски не може да ѝ помогне на власта за Уставни измени.

Веќе и во СДСМ се свесни дека не само Груевски, туку и свети Груевски или било кој да дојде не може да ги истера уставните измени. Неговата позиција ја користат за поделба на ВМРО-ДПМНЕ да издејствуваат некаков резултат да ѝ направат штета на опозцијата затоа што знаат дека сопствениот рејтинг не можат да го кренат. Тие не ни сметаат на кревање на својот рејтинг бидјеќи знаат дека го допираат дното. Груевски може само штета да направи во ВМРО-ДПМНЕ, рејтингот на СДСМ го допре дното го изгуби граѓанството кое го гласаше, заклучува тој.

Тој на крајот додаде дека и Демократски сојуз своевремено бил против Груевски заради прислушкувањето на разговори. Претходно, Зоран Димитровски во Владата беше назначен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа.