На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле ексклузивно дознава кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Едно име остава посебен впечаток, а тоа е екс министерот за транспорт и врски и еден од функционерите на СДСМ со најдолг век на државна функција, Горан Сугарески.

Комисијата брои 11 членови, а се пријавени 35 лица. Интересно е што меѓу пријавените е и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, како и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

 

Во трката за важната владина комисија е и Хајрула Мисини од ДУИ кој е познат како Командант Шпати.

Превземено од Expres.mk

Повеќе на  Маркукуле