Во продолжение став на новинарот и главен и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев:

-Кога подетално ќе се проанализира тајмингот на случивањата, станува јасно дека градоначалничката Данела Арсовска и екипата околу неа токму деновиве ги почнаа нападите кон ВМРО-ДПМНЕ исклучиво од две причини:

1. Да се тргне вниманието од тоталитарниот потег на Талат Џафери, кој не дозволи референдумско изјаснување за бугарскиот договор.

2. Да се создаде хаос во опозицијата, односно да се разниша авторитетот на Мицкоски во редовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за полесно да може да се одвива ловот на пратеници кои би прифатиле уставни измени.

Очигледно е дека овие активности се диригирани од власта, затоа што контекстот на времето во кои се случуваат кореспондира со периодот кој премногу и одговара на власта.

Зошто Арсовска и луѓето околу неа одлучиле да одработуваат за Ковачевски (читај Заев)? За тоа самите најдобро може да одговорат. Можеби да станува збор за уцена со некакви снимки, финансиски интерес или слично… Некои можеби нашле прилика да му се одмаздат на Мицкоски за политичките несогласувања. Но, во однос на Данела Арсовска, едно е јасно, а тоа е дека со ова одработува за власта.

За многумина од нас, кои баш не ги следиме внатрешно-кулуарските случувања, ова доаѓа како гром од ведро небо. Јасно е дека нападот дојде сосем без причина, особено откако вчера Европската Инвестициска Банка потврди дека директорот Златко Перински ниту местел тендер, ниту се обидувал да мести. Значи, јасно е дека причината за конфликтот не е корупцијата на директорот, туку се работи за намерно исцениран настан со друг политички контекст.

За сега двете точки на нападот диригиран од власта не носат ефект, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се покажува обединетост против Арсовска а еве, ќе има и нова иницијатива за референдум поднесена од друга политичка партија,пишува Златев на својот фејсбук профил.