Последните настапи на Венко, завиткан во плашт на патриотизам, за одбрана на државата, опкружен со голобради деца, многу ме потсетува на една историска црно бела фотографија.

Пишува: Наум СТОИЛКОСКИ

Венко влета во една луда мисија за креирање паника со приказна за населување на мигранти, опасни за Велика Британија, одбиени за азил, како прифатен преќутен договор од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, каде ги виде овие мигранти Венко? Уште повеќе, каде виде потреба за ваков параноиден пристап за креирање паника?

Венко, целосно сам, со распуштени партиски тела, влезе да ја брани Македонија. Голорак, опкружен со голобради.

Во сенка паднаа обновата на телата, изборните резултати, оставките, критиките, партиското раслојување, неговата страст да остане претседател на партија како спас од обвиненија кои летаат кон неговите колеги.

Но дали “Мигрантите” му се сонија на Венкота токму во момент кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски поставија нов момент во македонската политичка историја.

Пазете на моментот, Венко на изборно и политичко дно на СДСМ не си оди за жива глава;
Христијан со историска победа и фул моќ на ВМРО-ДПМНЕ, си го најави своето повлекување заедно со стратегија за делување на ВМРО-ДПМНЕ и насока за Македонија за генерација којашто доаѓа до 2030 година.

Ви текнува нели? Зошто да се зборува за ваков пример, во кој човекот на врвот порачува дека политиката не е се’ во животот и дека таа не може да служи само за лидерот и кликата околу него; Додека Венко го молат да си оди, ама тој сите ги распушти?

И сега ја тоне СДСМ до момент којшто за кусо време, кога блиската иднина ќе го демантира Венкота, ќе биде целосно уништена и без грам доверба.

Исто како Жерновски, којшто го поддржува калкулирајќи за нова партиска функција, на времето порача дека “Северна ќе падне” љубоморно ширеше паника за северната трибина на градскиот стадион.

За мигранти не се преговара ниту се разговара, ниту пак тоа е врзано за договорот со Лондон. Дали би им било корисно на Британците- веројатно да. Но, Мицкоски за разлика од Венко и неговиот ментор и сета таа групација, ниту подава празен лист за туѓи желби, ниту прифаќа било што ставено на маса.

И тоа го покажал и докажал.

И има зошто да се верува кога вели- такво нешто нема.

Малку и за јавноста. Мина времето кога за Македонија и што прифатиле нејзините читавме од стрнските медиуми, како од бугарските и грчките за договорите и протоколите “за добрососедство”.

Мина и нема да се повтори.

Како што е минато времето и на Венкота во македонската политика.

А, СДСМ има уште малку време да одлучи, сака или не да биде мината заврешна приказна или да се справи со внатрешните лудила што Венко ги наметна.

П.С. Да, фотографијата е на Хитлер, којшто во последното лудило, праќа деца на загубената линија на фронтот.