Веројатно ќе ви биде тешко да поверувате, но една чаша вода со умерена температура (за да не мора навистина да пиете топла вода) е многу покорисна за вашето тело отколку ледот.
Иако се препорачува туширање со ладна вода, експертите од оваа област не ве советуваат да посегнете по ладна вода.
Ви откриваме кои се негативните својства на студената вода, а истовремено ве запознаваме со позитивните аспекти на топла вода.
Студената вода е лоша за варењето на храната
Студената вода сите ладни пијалоци како сокови, шејкови, газирани пијалоци и слично, влијаат на контракцијата на нашите крвни садови.
Телото останува без енергија
Кога пиеме ладен пијалок, нашето тело спречува апсорпција на хранливи материи кои ни даваат енергија. Во тој случај, нашето тело ја користи својата постоечката енергија за регулирање на температурата во самото тело, иако сметаме дека адекватно сме се оладиле и сме му помогнале на телото. Ова однесување може да доведе до намалување на нивото на водата во телото, што е сосема спротивно од она што сакаме да го постигнеме.
Предности на топла/млака вода:
– Чаша вода со умерена температура, ја подобрува и забрзува хидратацијата на телото. После тоа, вашето тело не троши дополнителна сила и се чувствувате далеку посвежи.
– Исто така се стимулираат природните ензими за варење на храната, така што се ослободува потребната енергија во организмот. Храната што сте ја јаделе е многу полесна за обработка и не создава чувство на тежина во стомакот.
– Експертите советуваат секое утро да пиете чаша млака вода со неколку капки свеж лимон.
На почетокот може да биде тешко да ја замените ладната вода со топла, но по краток временски период во текот на кој сте ја направиле оваа замена, ќе забележите бројни позитивни промени во себе.