За многумина, летото значи вечери на тераса, време на отворено, но и неизбежни каснувања од комарци. Речиси во секое има една личност која е нападната од комарци повеќе од сите други. Експертите тврдат дека ова не е случајност – комарците навистина имаат свои „омилени“, а причината нема никаква врска со митот за „слатка крв“.
Научните истражувања покажуваат дека комарците првенствено се привлечени од мирисот на кожата. На површината на кожата има милиони бактерии кои ја разградуваат потта и природните масла и создаваат хемиски соединенија што комарците можат да ги почувствуваат од голема далечина. Токму поради оваа единствена комбинација на мириси, некои луѓе привлекуваат значително повеќе каснувања од другите.
Јаглерод диоксидот што го издишуваме, исто така, игра голема улога. Луѓето кои издишуваат повеќе CO₂ – на пример по физичка активност или поради поголема телесна маса – полесно се забележуваат од комарците. Тие се привлечени и од повисока телесна температура и потење, поради што бројот на каснувања често се зголемува по вежбање или во текот на многу топли денови.
Нема доволно докази
Иако со години се тврди дека луѓето со крвна група 0 имаат поголема веројатност да привлечат комарци, лекарите предупредуваат дека нема доволно цврсти докази за ова. Мирисот на кожата и генетиката се сметаат за значително поважни фактори од самата крвна група.
Дневните навики исто така можат да влијаат на бројот на убоди Експертите велат дека алкохолот, особено пивото, може да ја зголеми привлечноста кон комарците бидејќи го менува мирисот на кожата и малку ја зголемува телесната температура. Темната облека исто така може да ги зголеми вашите шанси да бидете забележани од комарци бидејќи подобро ја апсорбира топлината и полесно се издвојува во околината.
За да се намали можноста да бидете каснати, се препорачува да носите полесна облека, да избегнувате стоечка вода околу куќата и да поставувате мрежи на прозорците. Ако сте меѓу оние кои редовно се „избирани“ од комарци, добрата вест е дека причината не е квалитетот на вашата крв, туку природните биолошки фактори на кои често не можете да влијаете.
