„Конти“ олесни многу Македонци
Голем број Македонци се излажаа на пирамидалната Понзи шема наречена „Конти“. Преку платформата се ветувале брзи пари преку гледање реклами, а истата била поврзани со криптовалути преку платформата Бајнанс. Ветувале илјадници евра за максимум до 75 дена. Дел од граѓаните наседнаа на нова понзи шема, а се шпекулира дека има уште неколку. Вавката шема одзеде милиони евра од многу граѓани.
Се задолжувале на брзи кредити да инвестираат
Брзите пари од „Конти“ изгледале примамливи за Македонците. Тие оделе до таму што се задолжувале по брзи кредити, па истото го „реинвестирале“ во апликацијата. По неколку месечно функционирање, таа синоќа престана да функционира. Голем број граѓани се револтирани кои се залажале со оваа шема. Многумина ја поврзуваат со штедилницата ТАТ – велат „модерна верзија на истото“.
Министерот Тошовски ги предупреди граѓаните
Пирамидалната шема „Конти“ за брза заработка ги „олесни“ џебовите на над 10.000 македонски граѓани. Засега ниту еден непријавил во МВР дека бил жртва на измама, информираше министерот Тошковски кој изрази загриженост за ваквиот вид криминал поврзан со потенцијална инвестиција. Апелираше граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават.
Вртоглави цифри
Голем број граѓани наседнаа на вртоглави цифри. Најголем дел оваа шема била развиена по градовите како: Кавадарци, Велес, Куманово, а има и жители на главниот град.