Звонарек го засилува акуелниот германски шампион од редовите на Славен Белупо, каде ќе остане до крајот на оваа сезона, пред да му се приклучи на Баерн од јуни 2022 година.
– Баерн е еден од најголемите и најуспешни светски клубови. Горд сум што сум тука и што можам да го носам овој дрес, изјави Звонарек.
Талентираниот играч за врска е втор најмлад дебитант во историјата на хрватското првенство.