-Јас не сум љубител на оваа идеја. Веќе имаме многу натпревари, премногу тешки недели. Треба да размислите за иднината. Нивото на игра ќе падне бидејќи на играчите им е потребен одмор. Мислам дека нема да биде возможно Светското првенство да се одржува на секои две години, рече Левандовски на меѓународната спортска конференција во Дубаи.

Фудбалерот на Баерн беше поддржан од напаѓачот на Пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе, кој исто така учествува на конференцијата:

„Се согласувам со Роберт. Мора да размислуваме за квалитетот на фудбалот и да го почитуваме здравјето на играчите“.

Челниците на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) инсистираат на Мундијали на секои две години, прдлог којшто предизвика голем број негативни реакции кај најдобрите европски и јужноамерикански фудбалери.