Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релација Охрид – Свети Наум,  се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата во која загинаа 15 луѓе.