Мирно и без многу емоции Ангелче Николов ја слушна пресудата. За усмртувањето на малата Магдалена доби 17 ипол години, а за тоа што избега и не пружи помош една година затвор. Оттаму и единствената затворска казна од 18 години.

аа е близу максимуимот, оти олеснителни окололности речиси и да нема. Судијката Габриела Гајдова во образложението рече дека Николов е човек со ниско ниво на сообраќајна култура, на кого возачката дозвола два пати му била одземена поради сообраќајни прекршоци. Неговото самопредавање во полиција по речиси 30 часа бегство не може да биде олеснување, а ниту извинувањето беше уверливо, рече Гајдова.

Пресудата е донесена само два дена по единственото рочиште, на кое Николов призна вина. Утеха за семејството на Магдалена нема, но казната нека биде поука за сите, вели адвокатот на оштетените, Јанаки Митровски.

Тој уште еднаш повтори дека на обвинителна клупа треба да седнат и тројцата сопатници на Николов, за кои рече дека постои сведок кој ги видел дека се вратиле на местото на несреќата, но во разговор со него, не сакале да му кажат кој возел. Митровски смета дека одговорност треба да има и за оние кои му помагале на Николов два дена да се крие од полицијата.

Несреќата се случи пред точно три месеци. Таа вечер Ангелче Николов со својот мерцедес кој го управувал во момент кога му била одземена дозволата, пијан и со двојно поголема брзнина, на пешачки премин удри во семејството Иванови. 11 годишната Магдалена почина на место, а нејзината мајка беше тешко повредена. Таткото за влакно ја избегна несреќата. На денешната пресуда Николов има право на жалба.